0.8 C
Скопје
02:52 - 12 март, 2026

(Фото) Не ѝ е лесно: Нина Ѓогани се вработи кај колешка на нејзината мајка

Ќерката на пејачката Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, Нина Ѓогани, неодамна се вработи во фитнес-центарот на колешката на нејзината мајка — пејачката Миа Борисављевиќ.

Нина се огласи на својот Инстаграм-профил, каде објави фотографија и покажа колку е исцрпена по десет дена работа.

Имено, јавноста беше навикната да ја гледа Нина секогаш дотерана и средена, но рано изутрина таа се појави во издание за работа – без шминка, разчешлана и во спортска облека, позирајќи со својата колешка.

Гаги вака зборува за ќеркината работа

– Нина има талент, знае да пее, да игра, и ние сме секогаш тука да ја поддржиме. Се има обидено со разни спортови, но не се пронајде во нив. Сега ја оставивме сама да открие што сака. Сериозно тренира во теретана – изјави Гаги, додавајќи дека ја поддржува и врската на ќерка му со момче кое било во затвор.

– Дојде време Нина да почне да заработува сама. Разговаравме со неа дека мора да го почувствува сопствениот труд и парите што сама ги заработува. Со нејзиното момче имам одличен однос. Со Марко сум многу близок – тој и самиот ми рече дека на мене гледа како на нешто повеќе од пријател, како на брат – искрено додаде Гаги.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....