18.8 C
Скопје
16:25 - 16 март, 2026

(Фото) Мис Бугарија брутална: Не си инјектирам Оземпик, слабеам со вежбање

Трендот за слабеење на Оземпиќ очигледно не ги освои сите популарни дами од Бугарија. Додека фолк пејачката Андреа беше фотографирана со своите инјекции за „убавина“, Мис Бугарија за 2020 година Венцислава Тафкова покажа други, далеку поздрави „трикови“ за своршена фигура, пишува „ХотАрена“.

Моделот од Пловдив слабее со истегнување – нов тренд меѓу ѕвездите. Убавицата се пофали со селфи на социјалната мрежа Инстаграм од салата за вежбање и истегнување на телото, а денови пред тоа, во разговор со обожавателите на Инстаграм, таа рече дека не е поддржувач на инјекциите Оземпик.

„Докажано е дека тие претставуваат огромен ризик по здравјето. Верувам дека постојат многу поздрави методи за слабеење. Лично, претпочитам редовно да вежбам, внимавајќи што јадам, секако“, откри актерката.

Освен што ја подобрува флексибилноста, истегнувањето е исклучително ефикасно и за слабеење, бидејќи ги прави мускулите поеластични и го забрзува метаболизмот, што пак води до поефикасно согорување на калориите.

Судејќи според фигурата на Тафкова , истегнувањето дефинитивно дава прилично добри резултати. Други популарни дами како Александра Богданска, Адријана Туркмен, Алисија и други, исто така, се свртеле кон овој популарен вид тренинг.

Слични објави

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Еспресо

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin
Се вчитува....