6.8 C
Скопје
04:48 - 31 март, 2026

(Фото) Милица Павловиќ ѝ помогнала на Јелена Карлеуша да изнајми приватен авион! ЈК ги откри сите детали од невозможната мисија

Српската пејачка Јелена Карлеуша синоќа одржа два спектакуларни концерти со разлика од само неколку часа – едниот на плоштадот во Челинац, Босна, а другиот во клуб во Будва, Црна Гора..

За успешно да ја заврши оваа речиси невозможна мисија, поп-ѕвездата морала да ангажира приватен авион, а како што самата признала на Инстаграм, голема помош во организирањето на ова патување имала од нејзината пријателка и колешка Милица Павловиќ.

– Вака јас куцам до авионот среде ноќ по пистата и разговарам со Милица Павловиќ, облечена како вселенски каубој, затоа што штотуку се симнав од сцената во Челинац и „брзам“ да полетам и да стасам на настапот кој започнува за 3 часа во Будва. Голема благодарност до сите вработени на аеродромот во Бања Лука и голема благодарност до сите на аеродромот во Подгорица што трпеливо ме чекаа и се правеа дека е сосема нормално што гледаат сребрено чудо со шешир! Ми помогнаа да изведам голем „подвиг“ и да одржам два концерта во иста вечер, ноќ. Да, беше тешко, не ги чувствувам ни крилјата ни нозете во моментов, но се надевам дека публиката беше задоволна!!! За крај, ѝ благодарам на Милица која е „виновна“ за овој „подвиг“ – напиша Јелена Карлеуша на својата инстаграм-приказна.

Да потсетиме, неодамна сличен проблем имаше и самата Милица, која мораше да стаса до Власеница од свадба во Алексинац, каде се појави како специјална гостинка, на која ѝ успеа со помош на приватен авион.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....