22:15 - 2 април, 2026

(Фото) Костимот за капење „Луј Витон“ на Нина Бадриќ чини 10.000 денари: Во него пејачката изгледа како сирена

Хрватската пејачка Нина Бадриќ ужива на годишниот одмор далеку од Јадранот, а на својот инстаграм -профил објавува прекрасни слики кои покажуваат колку ужива.

Нина одлучила својата оаза на Хвар да ја замени со ексклузивен одмор на Миконос на неколку дена.

Дамите се воодушевени од модните парчиња кои ги спакувала за одмор во Грција, бидејќи акцентот е ставен на препознатливиот стил, но и максималната удобност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Токму таков е и костимот за капење кој Нина го избрала за ова лето. Станува збор за едноделен костим од модната куќа „Луј Витон“ во сино-бел дезен. Токму овој принт, препознатлив „на километар“, е еден од оние уникатни елементи што ги воодушевува жените во светот.

Некои ќе речат дека „Луј Витон“ повеќе го поврзуваме со производство на чанти и куфери, но токму оваа асоцијација на брендот со патувањата и одморот ги направи и нивните костими за капење исклучително привлечни.

Нивните серии се ограничени, а костимот на Нина Бадриќ чини повеќе од 10.000 денари.

Инаку, пејачката својата вита линија ја должи на диетата која ја презеде од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Слични објави

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova
Се вчитува....