7.8 C
Скопје
01:44 - 31 март, 2026

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Хитови, 25.000 луѓе и крај на турнејата – заврши уште едно незаборавно поглавје за Александра Пријовиќ. Таа одржа концерт во преполната Старк Арена како крај на нејзината турнеја која собори рекорди на која одржа 63 концерти. Сепак, покрај големиот успех, големо внимание привлекоа и модните комбинации.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Александра блесна во ефектен стајлинг. Таа за вечерта смени три модни комбинации. Првите два беа мини фустани, но никој не го очекуваше последниот. Прија реши да изненади и да се појави во смокинг кој го носат најдобро облечените жени во светот. Таа се одлучи за парче на брендот „Долче и Габана“, а цената на овој смокинг е 3.650 евра.

Она што е интересно е дека кога жената носи смокинг, тоа има повеќе значења во моден контекст и зависи од ситуацијата, стилот и пораката што сака да ја испрати. Смокингот, традиционално машка свечена облека, стана симбол на силна, софистицирана и самоуверена женска мода.

Смокинг на жена испраќа порака за доверба и моќ. Кога жената го избира овој изглед, често се поврзува со силен карактер и желба да се истакне во толпата. Овој тренд беше популаризиран од модната икона „Ив Сен Лоран“ со неговиот женски костум „Le Smoking“ во 1966 година, кој стана пресвртница во модата.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....