16.8 C
Скопје
22:00 - 17 мај, 2024

(Фото) Која е Роуз Ханбери, новата Камила на принцот Вилијам: За Денот на вљубените ѝ подарил бисерен ѓердан

Многумина се прашуваат дали принцот Вилијам ќе ги следи стапките на неговиот татко кога станува збор за љубовниот живот. Според гласините, тој и Роуз го поминале овој 14 февруари заедно во ресторан, каде се видени како тој ѝ подарува луксузен бисер ѓердан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caras México (@carasmexico)

Која е убавата Роуз, име кое во последниве денови стана ударна вест поради наводната љубовна приказна со принцот Вилијам. Гласините за врската меѓу Роуз и Вилијам доаѓаат во пресрет на драмата околу расправијата помеѓу Мидлтон и Ханбери.

Ханбери е маркиза на Чолмондели, нејзиниот сопруг е Дејвид Роксаваж, Маркиз на Чолмондели, кој е 23 години постар од неа. Имаат две близнаци, Александар и Оливер и една ќерка, Ирис.

Ханбери работеше како модел на 20 -годишна возраст, кратко време беше ангажирана како политички истражувач и потоа се запозна со Роксаваж додека беше на одмор во Италија во 2003 година. Тие се венчаа во 2009 година.

Ханбери и нејзиниот сопруг живеат доволно блиску до имотот Сандингем на кралицата и двата пара се зближија откако Вилијам и Кејт се преселиле во нивната селска куќа, Анмер Хол, во 2014 година.

Четворицата се познати како дел од социјалниот круг што медиумите го нарекуваат крем, односно Rapa Toffs.

Ханбери и Роксаваж живеат во огромен замок со 106 соби, кој се наоѓа многу блиску до местото каде што живееле војводите од Кембриџ пред да се преселат во палатата Кенсингтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Celebitchy (@celebitchyofficial)

Написите за расправијата меѓу Ханбери и Мидлтон започнаа да се појавуваат и да стануваат се погласни во последниве неколку денови, при што Ханбери е наречена „рурална ривалка“ на војвотката. Според неодамнешниот напис објавен во „Сан“, јазот на Мидлтон и Ханбери е „многу полош отколку што мислевте“.

Според Сан, принцезата Мидлтон му рекла на сопругот, принцот Вилијам дека, откако имала „ужасна кавга“ со Роуз, таа мора да биде „постепено отстранета“ од нивниот ограничен круг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Извор изјави за „Сан“: „Познато е дека Кејт и Роуз имаа ужасна кавга. Тие беа блиски, но веќе не е така. Вилијам сака да биде миротворец, за да се сочува пријателството меѓу двата пара, бидејќи тие живеат толку блиску едни до други но и имаат многу заеднички пријатели“.

Но изгледа дека Мидлтон не е на исто мислење со Вилијам според изворот, кој заклучува: „Кејт беше јасна за фактот дека не сака повеќе да ја види Роуз и побара Вилијам да ја отстрани од опкружувањето, без разлика на нејзиниот социјален статус“.

Сепак, според гласините, мотивот за кавгата се базира на љубомората на Кејт, или поточно сомнежот, поради претераната блискост на нејзиниот сопруг со поранешната моделка Роуз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poshslosh (@xxposhslosh)

„Таа е убава жена, а Вилијам е само човек“, пишуваат британските таблоиди кои се директни дека меѓу Роуз и принцот има(ло) тајна романса.

Инаку, наводната врска на Вилијам и Роуз датира уште од 2019 година, кога медиумите првпат почнаа да пишуваат, потоа се замолчи, па деновиве повторно излезе на површината поради жестоката кавга на Кејт и Роуз.

Слични објави

(Фото) Род Стјуард се шета низ Белград како целиот нормален свет: Во фармерки и патики, кој би го препознал!

еспресо

Шокантно откритие: Јована Јеремиќ сподели кое е најчудното место каде што водела љубов

Еспресо

Северина завојува со познат свештеник: „Јас само имав добар секс, а тоа ти го посакувам и на тебе“

Еспресо

Луна ја покажа семејната идила: Вака Миљковиќ го поминуваат времето по скандалот со соседите

Еспресо

(Фото) Еве каде ѕвездата на „Гранд“ живеела со сопругот кој почина вчера: Станот полн со луксуз, во бањата има златна тоалетна школка…

Еспресо

(Видео) Зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Саша Поповиќ со скршена нога седи на столче, а водителот го турка

Еспресо
Се вчитува....