01:24 - 11 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Харис Џиновиќ изгледа како авион: Џина покажа што јаде и како ја одржува совршената фигура

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, со години привлекува внимание со својот изглед и начин на живот. Иако во јавноста е позната како некој кој внимателно го избира својот моден и стилски израз, таа сега откри уште една страна од својот живот – како јаде и што редовно консумира.

Таа исклучително активна на социјалните мрежи каде ја следат голем број луѓе, па на својот инстаграм-профил со следбениците споделува различни информации од приватниот живот, а често добива и комплименти за нејзиниот физички изглед.

Имено таа сподели фотографија од марект, а она што им го привлече вниманието на сите кои случајно ја виделе во тој момент е нејзиниот избор на храна. Во рацете носела куп свежо исечено манго, како и калинка, што укажува дека внимателно ги избира состојките.

Мангото и калинката се плодови кои не само што се исклучително вкусни, туку и богати со витамини, антиоксиданти и растителни влакна, што ги прави идеални за сите оние кои се грижат за своето здравје и изглед.

Нејзината љубов кон здравата исхрана не е ништо ново, бидејќи претходно нагласи дека се труди во исхраната да внесе што повеќе природна, непреработена храна. Овошјето, како мангото и калинката, се совршена опција за брзо уживање, но и за одржување на енергијата во текот на денот.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....