19.8 C
Скопје
14:44 - 13 март, 2026

(Фото) „Ќе ја поздравам Цеца кога ќе направи подобар спот“: Ника Тошиќ бесна како рис поради жестоките провокации за мајка си

Ника Тошиќ застана во одбрана на својата мајка Јелена Карлеуша, па ја прозва Светлана Цеца Ражнатовиќ, пишува српска „Република“.

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша не престанува да работи на својата уметност. По успешните и рекордно посетини настапи во Будва, ЈК се врати во Белград. А, вчера, токму на својот 46-роденден, таа го објави спотот за песната „Бенга“. Она што привлече посебно внимание е фактот што Јелена, како и обично, одлучи да ризикува и сама да ги сними сите опасни тркачки сцени, игнорирајќи ги предлозите на нејзиниот тим да ангажираат двојничка.

Ова спектакуларен спот е преполн со брзи тркачки автомобили и е едно од најопасните спотови што некогаш биле забележани на овие простори. Не е тајна дека Јелена Карлеуша е позната по своите високобуџетни проекти, меѓутоа, за песната „Бенга“ платила дури половина милион евра, што го предизвика вниманието кај јавноста. Карлеуша одлучила да ангажира странска филмска продуцентска куќа за снимање на спотот, додека домашна компанија ја презела улогата на организатор.

За кратко време спотот влезе во трендинг, а коментарите за него непрекинато се нижат.

Ника Тошиќ, помалата ќерка на Карлеуша, ѝ е најголем поддржувач, која ја користи секоја прилика јавно да ја пофали својата мајка, што го направи и сега, кога корисниците на социјалната мрежа Тик-ток се обидоа да ја испровоцираат, па ѝ оставија коментар „да ја поздрави Цеца“ , на што таа веднаш реагираше:

– Поздрави ја тетка Цеца – гласеше коментарот, а Ника веднаш возврати во свој стил.

– Ќе ја поздравам кога ќе направи подобар спот – напиша Ника и предизвика бурни реакции.

 

 

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо
Се вчитува....