03:48 - 9 април, 2026

(Фото) Каролина Гочева плени во црн тесен фустан: Пејачката се појави на настап во Тирана

Една од нашите најуспешни поп-пејачки во регионот, Каролина Гочева е синоним за убавина и елеганција. Пејачката тоа го докажа со своето последно модно издание со кое се пофали на социјалните мрежи.

Имено, Каролина периодов неуморно работи, па по одличните настапи пред македонската публика на почетокот на овој месец, таа објави дека се појавила на сцената на Националната опера и балет на Албанија.

Каролина сподели неколку фотографии од Тирана на кои плени во елегантен, црн и тесен фустан дизајниран од Јована Зука, кој ѝ ја истакна нејзината беспрекорна фигура.

„Тирана на еден ден“, кратко напиша Каролина.

На дел од фотографиите таа е во друштво и на неколку македонски музичари меѓу кои и нејзиниот долгогодишен соработник Николче Мицевски. Нејзините следбеници беа воодушевени од нејзиниот изглед, па доби бројни комплименти во коментарите.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....