3.8 C
Скопје
07:07 - 21 декември, 2024

(Фото) Како европските кралски семејства го слават Божиќ: Од божиќни села до Дедо Мраз кој пристигнува на брод и принц кој се преправа во Дедо Мраз

Божиќни села, слатки закуски, Дедо Мраз кој пристигнува на брод, принц кој се преправа во Дедо Мраз и им дели подароци на децата: ова се божиќните традиции почитувани од европските кралски семејства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by İdil (@royaldergi)

Британското кралско семејство секогаш ги почитува божиќните традиции, кои се бројни и добро познати. Ова беше прва прослава на Божиќ без кралицата Елизабета Втора, а нејзиниот наследник, кралот Чарлс одлучи да се прослават празниците на село, па така семејството Виндоз се собра во Сандрингем Хаус, традиција која се применува од 1988 година, со исклучок на двете години на ковид-пандемијата. Претходно, поширокото семејство беше повикано во Бакингемската палата на предбожиќен ручек, а потоа најблиските членови на кралското семејство заминаа во Сандрингам, каде присуствуваа на миса на 25 декември.

Пред божиќниот ден, членовите разменија шеговити божиќни подароци. По документарецот „Хари и Меган“ на Нетфликс, кој предизвика голема врева во Велика Британија, но и во светот, присуството на принцот Хари и Меган Маркл не се очекуваше, но новина е тоа што во Сандрингам беа поканети децата на кралицата Камила, Том (47) и Лора (44), родени од првиот брак на Камила со Ендрју Паркер Боулс, заедно со петте внуци на кралицата. Том, по професија е критичар на храна, има две деца од неговата поранешна сопруга Сара Бајс, од која се раздели во 2018 година: Лола (2007) и Фредерик, (2010). Лора пак, е сопственичка на уметничка галерија во Лондон и во брак е со поранешниот модел на долна облека Хари Лопес, мајка на Елиза (2008) и близнаците Гас и Луис (2009). Годинава за прват четиригодишниот принц Луис, синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, се приклучува на прославите на Божиќ, откако го привлече вниманието на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, освојувајќи ги срцата на јавноста со своите смешни и бунтовнички гримаси. На Божиќ наутро, членовите на кралското традиционално прават прошетка од Сандрингам до црквата „Света Марија Магдалена“ за да присуствуваат на утринската служба. Чарлс Трети годинава за првпат ќе го направи своето божиќно обраќање на народот (денес во 15 часот), во чест на починатата кралица Елизабета Втора.

Божиќна прослава наследена од Грејс Кели

Во Кнежеството Монако, Божиќ е прослава која уште повеќе гo приближува кралското семејство до народот. Принцот Алберт Втори и неговата сопруга принцезата Шарлин ја продолжија традицијата започната од неговата мајка, принцезата Грејс од Монако, пред речиси 60 години. Традиционално кралската двојка ги кани децата од нивното кнежевство во Палата Грималди каде се случува голема забава со делење на подароци. Принцот Алберт честопати се облекува како Дедо Мраз. На почетокот на декември, Шарлин, нејзините деца Жак и Габриела и Шарлот Казираги свечено го отворија Божиќното село за забава на која се собраа над 600 деца. Божиќното село е опкружено со 800 елки, а годинава е посветено на Алберт Први, чија 100-годишнина од неговата смрт се навршува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Families (@coutureandroyals)

Празници во спортски дух

Како што британското кралско семејство традиционално за Божиќ се преселува во Сандрингем, норвешкото кралско семејство се упатува кон Кралската ложа, традиционална фарма надвор од Осло, изградена во 1906 година. Таму, тие уживаат во зимските спортови, вклучително и скијањето на околните планини. Семејството секоја година испраќа божиќна елка во Велика Британија за да се заблагодари за учеството во Втората светска војна како дел од сојузничките сили, прекрасна смрека висока 50 метри, која се гордее со своето место на плоштадот Трафалгар.

Пудинг од ориз и печена патка

Во Данска, кралското семејство се собира на 23 декември за да ја украси елката во палатата, а дел од украсите ги направи самата кралица Маргрете. На самиот ден, кралицата е домаќинка на ручек, кој започнува со традиционален десерт: пудинг од ориз со цел бадем скриен во пудингот. На менито следува печена патка со различни гарнири.

Празничен говор

Во Шпанија, празничниот говор на кралот Фелипе се случува на Бадник и се емитува од палатата Зарзуела. Кралот Фелипе и кралицата Летиција потоа организираат семеен божиќен ручек на 25 декември. Шпанската празнична сезона завршува дури на 5 јануари, кога е и роденденот на кралот Хуан Карлос, кој моментално е разделен од својот син и неговото семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Families (@coutureandroyals)

Фасцинантна шведска традиција

Шведското кралско семејство има интересна божиќна традиција. Тие објавуваат видео од престолонаследничката – принцезата Викторија, престолонаследникот Даниел и нивните две деца принцезата Естел и принцот Оскар како уживаат во божиќните активности. Во текот на изминатите години тие правеа украси, печеа колачиња, ја украсуваа новогодишната елка, а Естел често го крадеше вниманието со нејзините спонтани шеги.

Светлина на мирот

Во Белгија, кралското семејство традиционално ги отвора вратите на балската сала на кралската палата и го поканува Кралскиот симфониски бенд да свири свечен концерт, кој се емитува „во живо“ на телевизија. Најмладиот член на семејството, принцезата Елеоноре, има многу важна улога – да ја „прими светлината на мирот“ од извидник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Families (@coutureandroyals)

Дедо Мраз на брод

Во Холандија Дедо Мраз не патува на санки, туку на брод, или подобро кажано, на пароброд и не пристигнува ноќта меѓу Бадник и Божиќ, туку на 6 декември, на денот на Свети Никола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Families (@coutureandroyals)

На пристаништето во Амстердам, кралот Вилијам Александар и кралицата Максима го пречекаа заедно со нивните ќерки. Оваа традиција можеби изгледа чудна, но има посебно значење: легендата вели дека Свети Никола, за време на аџилак во Светата земја, бил пресретнат од невреме. Тој се молел на Бога за свое спасение и спас на морнарите. Така, морето се смирило, и од тој момент светецот стана заштитник на морнарите. На Бадник, холандското кралско семејство организира банкет на кој главни јадења се зајак со црвена зелка, мисирка и слатко лепче.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....