Српската водителка Јована Јеремиќ го поминала денешниот празник во духот на верата. Таа го поминала утрото во црква за да се причести, а за своето духовно искуство и вера зборувала во свој препознатлив стил.
– Стасав и јас дојдов да се причестам. Мислев дека нема да успеам, но Бог имаше план за оваа грешница. На здравје и спасение. Велигден 2026 година – напишала Јована.
View this post on Instagram
Инаку, таа пред да оди во црква, отишла на пазар да купи сè што ѝ треба, а како што рекла, доживеала сцена што ќе ја памети засекогаш.
Јована не можела да ги скрие солзите радосници поради љубовта со која ја опсипале продавачите и минувачите. Како што и самата навела, од пазарот заминала со полни раце подароци, а луѓето едноставно не сакаа да ѝ наплатат за она што го зела.
– Јас знаев како ќе реагираат луѓето, но до толку, тао не можам да го објаснам. Не ми дозволија да платам за ништо, а навистина сакав. Ова беше толку спонтано… Сè во животот можеш да купиш, освен душата, со неа сепак мора да се родиш – рекла Јована на работ на солзи.
–
