13:22 - 6 април, 2026

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Познатата пејачка Кристина Агилера повторно е во центарот на вниманието и тоа со стил. Таа ги изненади обожавателите со несекојдневни фотографии од Модната недела во Париз, каде што позираше топлес, покривајќи ги градите само со рацете.

45-годишната Кристина изгледаше неверојатно, a според фановите, на фотографиите таа изгледа како да е 20 години помлада. Фотографиите ги сподели на Инстаграм, а коментарите за нејзината трансформација и самодоверба не престануваат.

Пејачката позираше во луксузен хотел во Париз, облечена само во тул-ѕвончесто здолниште, со пуштена руса коса и заводлива шминка со „зачадени“ очи и неутрална боја на кармин. Стајлингот го надополни со впечатлив накит кој дополнително го нагласи гламурот.

Фановите не штедеа комплименти:

„Таа е моментот!“, „Кристина, ова е лудо – каква трансформација!“, „Најубавата жена на светот“, „Изгледаш 20 години помладо“.

Очигледно Кристина Агилера знае како да доминира, без разлика на годините, таа и овој пат изгледаше совршено.

Слични објави

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо
Се вчитува....