9.8 C
Скопје
19:24 - 12 март, 2026

(Фото) „Или јас или дрогата!“: Девојката на Лијам Пејн пред смртта му поставила ултиматум

Девојката на Лијам Пејн, инфлуенсерката Кејт Кесиди, наводно му поставила ултиматум пред неговата смрт: „Или јас или дрогата“, пренесува „Мирор“. Пејн ја избрал дрогата, поради што Кејт ја напуштила Аргентина. После тоа, под дејство на дрога, Лијам паднал од балконот од третиот кат на својот хотелски апартман во Буенос Аирес.

Кејт, која беше со Лијам во Аргентина додека тој чекаше да му биде обновена американската виза, не беше задоволна од неговото консумирање на дрога. Ова наводно предизвикало многу проблеми во нивната врска, која започнала пред околу две години. Извор за „Њујорк пост“ изјави: „Неговата употреба на дрога предизвикуваше многу проблеми. Затоа таа му постави ултиматум: или таа или дрогата. Тој ја избра дрогата, па таа мораше да си замине“. Кејт и Лијам првично планирале да останат во Аргентина само пет дена, но нивниот престој бил продолжен на две недели, што наводно не и одговарало.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Cassidy (@kateecass)


Кејт која е инфлуенсерка, им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи и им објасни дека „мрази“ да престојува долго време на едно исто место и дека мора да се врати во нивниот дом на Флорида. Изворот додаде дека Кејт им кажала на пријателите дека се чувствува како заложник бидејќи нивниот одмор постојано се продолжува. „Беше многу нездраво за сите. Таа се надеваше дека тој ќе ја дојде со неа назад во Мајами“, додаде изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Cassidy (@kateecass)


Два дена по трагичната смрт на Лијам, Кејт на социјалните мрежи сподели трогателна порака во чест на нејзиниот покоен партнер. Во емотивното обраќање таа призна дека е „целосно изгубена“.

Кејт на Инстаграм напиша: „Ви благодарам за сите убави зборови и љубовта кои ми ги испративте. Целосно сум изгубена. Ништо од што се случи во последните неколку дена не изгледа реално. Ве молам дајте ми простор и време ова да го преживеам приватно. Лијам, мојот ангел. Ти ми беше сè. Сакам да знаеш дека те сакав безусловно и потполно. Ќе продолжам да те сакам до крајот на мојот живот. Те сакам, Лијам“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Cassidy (@kateecass)

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....