7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

(Фото) Големата љубов на Вивиен Вествуд: Можеше да ѝ биде син, ѝ стана сопруг, а остана со неа до последен здив

Бракот и врската на познатата дизајнерка Вивиен Вествуд со 24 години помладиот дизајнер отсекогаш кревале прашина.

Вивиен Вествуд почина синоќа на 81-годишна возраст, опкружена со семејството во нејзиниот дом во Лондон, а покрај неа до последен момент беше нејзиниот сопруг Андреас Кронталер. Љубовната приказна на овој нетипичен пар е сè само не обична, бидејќи Андреас бил поранешен ученик на дизајнерката, а подоцна стана нејзин сопруг, 24 години помлад од неа.

„Ќе ја носам Вивиен во моето срце. Работевме до крај и таа ми даде многу причини да продолжам“, изјави нејзиниот партнер Андреас Кронталер.

Имено, овој помалку познат Австриец се оженил со прославената дизајнерка во далечната 1992 година, а од тогаш до денес нема озборувања или гласини за скандали за нивната врска. Меѓутоа, нивната врска „подигна прашина“ поради големата разлика во годините и начинот на кој се запознале.

Андреас бил млад и надежен студент по мода и моден дизајн кога дојде во Лондон да го развие својот талент, а Вивиен набрзо го зеде под своја закрила.

Кариерата ја започна како дизајнер на накит и златар, а до ден денес најважен дел од неговиот опус е дизајнот на ексклузивен накит.

Кога дизајнерката го забележала неговиот талент, го вработила во нејзината компанија и тогаш започнала нивната љубовна приказна.

Врската ја започнаа во 1989 година, а во 1992 година се венчаа и останаа заедно до смртта на „бабата“ на модниот панк.

Живееа заедно повеќе од 30 години во Клапам на Најтингејл Лејн, а имаат и куќа од 1703 година, околу која се протегаат големи градини во кои Вивиен редовно градинарила и се релаксирала.

Пред Андреас, Вивиен веќе беше во брак со Дерек Вествуд, а со него го доби синот Бен, кој сега е познат фотограф. Таа подоцна роди уште еден син, Џозеф Кореа, од врската со Малколм Мекларен, кој стана дизајнер на долна облека.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....