06:20 - 3 април, 2026

(Фото) Голема прослава во вилата Ражнатовиќ на Дедиње: Семејството не може да ја сокрие среќата, сите очи се вперени во снаата Богдана

Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана денеска во семејна атмосфера го прославија вториот роденден на синот Крстан, во луксузната семејна вила на Дедиње.

Прославата се одвивала во кругот на најблиските пријатели и членови на семејството, а фотографиите од прославата брзо завршија на социјалните мрежи. На нив се гледа како Богдана со насмевка го држи в раце малиот Крстан, додека Вељко на рамениците го носи нивниот најмал син Исаија.

Роденденската торта била вистинска атракција – на два ката, во темата на животинското царство и со блескави огномети. Крстан со помош на мајка му Богдана ги дувнал свеќите, додека сите присутни аплаудирале.

За таа прилика Богдана избрала елегантен, но едноставен стајлинг – тесна блуза и панталони, додека Вељко бил лежерно облечен.

Иако роденденот го слават во Белград, Вељко и Богдана со трите сина Крстан, Жељко и Исаија живеат во Тител, нејзиното родно место, каде што решиле да побегнат од белградскиот метеж и да живеат помирен семеен живот.

 

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....