Популарната пејачка Едита Арадиновиќ моментално е бремена шест месеци. Едита е посветена на здрав начин на живот и максимално ужива во поинаква состојба.
Сега, таа покажа како веќе подготвува сè за доаѓањето на наследничката. Овој пат ја покажа гардеробата што ја купи за малото девојче. Идната мајка избра модерна комбинација, која ги воодушеви сите.

– Ветив дека нема да бидам здодевна бремена жена и не сум. Но, морам да споменам вакви работи, бидејќи сум воодушевена од вниманието и грижата. Љубов – напиша таа на Инстаграм.
Да потсетиме, кон крајот на февруари, за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, Едита отворено за првпат проговори за причините за разделбата со својот партнер Ненад Стевиќ, со кого очекува ќерка.
– Имаме одличен однос, едноставно не сме емотивни партнери. Не зависи од мене, тоа е заедничка одлука, но е и зрела одлука да се има дете. Во одлична, одлична врска сме, разговаравме еден со друг пред малку, објасни пејачката и додаде дека смета дека сè уште не е доволно зрела за брак.
