00:27 - 8 април, 2026

(Фото) Деколте до папок, без градник: 39 години помладата девојка на Лазар Ристовки предизвика бурни реакции во провокативното издание

Младата српска актерка Аница Лазиќ предизвика метеж на социјалните мрежи, откако објави фотографија во провокативно издание.

Триесет и девет години помладата девојка на Лазар Ристовски позираше во тесен црн фустан, а нејзиното деколте кое стигнуваше сè до папокот ги „запали“ нејзините следбеници. Фантазијата дополнително ја подгреа фактот дека немаше градник под фустанот.

Аница доби многу пофалби за својата објава, а нејзината колешка Милица Томашевиќ ѝ порача дека е вистинска бомба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)


Романсата меѓу младата актерка и познатиот актер привлече големо внимание во јавноста. А како што вели Аница, секој момент со Ристовски ѝ е прекрасен и не ја забележува разликата во годините.

– Морам да признаам дека првите два-три дена ми беа предизвик да издржам толкав притисок. Сега не ни гледам, да бидам искрена, затоа што некако најголем дел од пишувањето е за разликата во годините, а јас и Лазар не ја ни чувствуваме. Има еден момент кога се чувствува разликата во години, а тоа е кога јадеме палачинки, јас јадам со крем, а тој јаде џем и ореви. Тогаш ја чувствуваме, и тоа е тоа. Очигледно тоа е нешто што е вистина и жал ми е што жените денес кога ќе наполнат четириесет години веќе ги нарекуваат баби и дека да стареат и да имаат одредена возраст денес е срам. Би сакала еден ден да бидам баба и тоа е мојата цел – изјави неодамна Аница за „Блиц“.

Аница во споменатото интервју зборувала и за односот со синовите на Лазар Ристовски кои ги доби во бракот со неговата долгогодишна сопруга Даница.

– Во одлични односи, тие се прекрасни момчиња и немаат на кого да бидат лоши. Не се гледаме често затоа што тие работат и јас работам, но кога се гледаме имам само пофални зборови и за Јован и за Петар – рекла Аница во споменатото интервју.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....