10:49 - 16 ноември, 2026

(Фото) Дара Бубамара го откажа вечерашниот настап, пејачката се огласи и ја откри причината

Српската фолк пејачка Дара Бубамара (49) нема да може да настапи вечерва, на стара Нова година.

Иако настапот беше закажан однапред, Дара мораше да го откаже поради нејзината здравствена состојба.

Ова го потврди и Општина Нови Град.

„Ги информираме граѓаните дека вечервашниот настап на Дара Бубамара во Нови Град, планиран за прославата на православната Нова година, е откажан поради болест на изведувачот. Како замена, на публиката вечерва ќе ѝ се претстават Рада Манојловиќ и Раде Лацковиќ, кои со своите настапи ќе ја комплетираат програмата на прославата“, напишале тие.

Дара Бубамара добила висока температура и истакнала дека ќе ѝ надомести на својата публика.

– Драги мои, морам да ве известам дека за жал нема да можам да настапам вечерва во Нови Град на дочекот. Многу ми е жал. Добив силна температура и настинка, сите се болни, па ни јас не бев поштедена. Сигурна сум дека наскоро ќе се видиме за да го надоместиме овој ден – рече Дара Бубамара.

 

Слични објави

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо
Се вчитува....