11:32 - 7 април, 2026

(Фото) Данијела Мартиновиќ објави фотографии со својот татко: „Мојот суперхерој“

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на Инстаграм објави неколку фотографии со својот татко Иван.

„Мојот татко, мојот суперхерој“, напишала 53-годишната пејачка во описот на објавата со која ги воодушеви своите следбеници.

 


Данијела неодамна објави и заедничка фотографија со мајка си и татка си.

„Времето поминува, но семејството е секогаш тука. На масата, низ смеа и разговор, учиме што значи да се биде заедно. Една година разлика, но љубовта не се менува. Ви благодарам што сте моја поддршка”, напишала Данијела тогаш.

 


Данијела има и сестра Изабела, а нејзините родители ретко се појавуваат во јавноста.

Данијела, инаку, е во среќна врска со Јосип Плавиќ.

Нивната врска стана позната на почетокот на 2023 година. Данијела потоа рече дека се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитет преку Интернет во 2022 година. Полицијата брзо го расчистила случајот, а Данијела и Јосип продолжиле да се дружат. За потсетување, Јосип Плавиќ ја напушти полицијата на почетокот на минатата година и повторно го обедини својот стар бенд „Изван зона“.

Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо во 2021 година.

Слични објави

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо
Се вчитува....