13:08 - 11 април, 2026

(Фото) Дала над 12.000 евра само за стајлингот: Милица Павловиќ изгледа бомбастично!

Српската пејачка Милица Павловиќ го промовираше концертниот филм „Лав“, а нејзиниот скап стајлинг го привлече вниманието на многумина.

По официјалниот дел, Милица Павловиќ им позирала на фотографите, а комплиментите за нејзиниот изглед не престанувале.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


За оваа пригода, Милица Павловиќ избра краток црно-бел фустан кој ги става нејзините нозе во преден план, а кој чини ни помалку ни повеќе, туку 1.100 евра.

Својот стајлинг го заокружила со сребрени сандали со високи потпетици кои чинат 725 евра, темни очила за сонце за кои издвоила 275 евра и многу скапа белегзија од познат француски бренд за која платила 9.950 евра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Милица Павловиќ им приредила на своите обожаватели прекрасна атмосфера и подготвила оригинален подарок за секој од нив, а тоа задоволство ја чинело дополнителни неколку илјади евра.

По премиерата, пејачката зборувала за соработката со покојниот Саша Поповиќ, но и за пријателството со Јелена Карлеуша, кое се прекина.

 

Слични објави

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.
Се вчитува....