Шест години по разделбата со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, американските и британските медиуми пишуваат за нова љубов на Бред Пит.
Според Дејли меил, глумецот е вљубен и веќе извесен период се забавува со нова девојка која за јавноста останува анонимна.
Но веќе гласините се проширија и се наметна прашањето – дали Лике Ли е новиот пламен на Бред Пит? Многу е е веројатно со оглед на тоа што двајцата, наводно, се забавувале уште од крајот на јануари.
View this post on Instagram
Можеби не знаете многу за името Лике Ли, шведска поп-ѕвезда родена во 1986 година. Но таа не е баш странец за оние кои се дружат на инди музичката сцена, всушност, уметницата е многу позната: некои нејзини песни завршија во два многу сакани филма меѓу младите, или Сага на самрак: The Twilight Saga: New Moon и Вина на ѕвездите.
Инаку, Лике е сосетска на Пит со својот американски дом. А изборот на „физички“ толку блиска личност е всушност одлична стратегија за оние кои сакаат да ја задржат приватноста на нова љубовна приказна. Извори велат дека ситуацијата „функционирала совршено за Бред“ и дека токму близината „му овозможува да ја одржува врската тајно“.
Лике, која има шестгодишен син Дион, со продуцентот Џеф Баскер, се смета дека е во врска со актерот од јануари, а до сега се видени и во неколку ресторани (но нема фотографски доказ).
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Инаку, само пред два дена одекна веста дека холивудската суперѕвезда Бред Пит издвои 40 милиони долари за да го купи историскиот дом на контроверзниот писател Даниел Луис Џејмс кој се наоѓа во рајот на славните Кармел, а се смета дека ова е најскапиот имот што некогаш бил продаден во областа. Локалните жители се воодушевени што меѓу нив има уште една славна личност, особено откако легендарниот имот стоел празен со години.
Можеби ова ќе биде новото љубовно гнездо на наводниот пар Лике – Пит.