Српската пејачка Ана Николиќ неодамна ги изненади своите следбеници на Инстаграм кога објави видео на кое одеднаш ги покажа градите.
Снимајќи во автомобил, Ана ја спушти камерата на градите, не грижејќи се што покажува премногу.
Таа позирала и пеела, па видеото го објави на социјалните мрежи, а многу следбеници го коментираа нејзиниот изглед и однесување.
„Многу ни е драго што нè запозна со брадавиците или млечните жлезди. Драга Ана, собери се. Раста ги виде, ние останатите баш и не моравме“, „Ана заборави да го облече градникот“, „Ги замолувам пејачките да почнат да носат гаќи и градници. Стоп на шундот и голите задници. Благодарам“, се само некои од коментарите.
Да потсетиме, Ана Николиќ преку социјалните мрежи објави дека раскинала со композиторот Горан Ратковиќ Рале, што не е првпат, а како причина го наведе предавството. Му ги посветила песните „Кловн“ и „Адио аморе“.
Иако веќе неколкупати раскинуваа, но набрзо се и смируваа, Ана повторно одлучи да стави точка на емотивната врска со Рале. Се чини дека овој пат дефинитивно е крај.
– Би се обложила на тебе дека ме сакаш. Знаеше сè и направи сè исто. Најлоша е темнината пред зори. И ова не е мој стил, но кога некој ги знае сите твои слабости и безочно ги злоупотребува против тебе под слоганот: „Но, јас те сакам“, тоа се вика предавство. Тоа никому не му го простувам – напиша Николиќ со фотографија на која позира со Рале.
По оваа објава, пејачката сподели фотографија на која позира во бела маичка, на која пишува: „Простетете ми за моето грдо минато“, како и нејзината песна „Кловн“, како и песната „Адио аморе“ на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста.
Како што наведува „Курир“, причината за раскинувањето е наводно љубомората на Ана. Особено ја изнервирала полемиката на Рале со неговата поранешна партнерка и соработничка Оља Бајрами за песната „Осам милијарди“.