14:31 - 10 април, 2026

(Фото) Ана Ивановиќ крши чинии во елитен ресторан: Со сопругот Швајнштајгер лудуваа до зори во Белград

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ моментално престојува во Белград, каде синоќа со сопругот Бастијан Швајнштајгер лудо се забавувале кршејќи чинии во ресторан.

Имено, Ана и нејзиниот сопруг моментално се на одмор со децата во Белград, а ја користат секоја прилика да уживаат во српската престолнина.

Очигледно и двајцата се согласуваат дека Белград е центарот на најдобрата забава, па синоќа ги почувствувале нејзините привлечности.

Како што пренесуваа српски „Телеграф“, Ана и Бастијан уживаа во ресторан во Белград на грчка вечер, а од видеото кое беше споделено на Инстаграм, може да се забележи како Ана во еден момент го следела грчкиот обичај и почнала да ги крши чиниите.

Со нив биле братот на Ана, Милош Ивановиќ и неговата сопруга Драгана Џајиќ, кои заедно лудувале до зори.

Инаку, познатата српска тенисерка ужива во хармоничен брак со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, со кој во мај годинава го доби третото дете.

Слични објави

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova
Се вчитува....