17.8 C
Скопје
13:07 - 13 март, 2026

(Фото) Адријана Лима првпат го покажа синот: Сега е јасно зошто го носи тоа име

Една од најубавите жени во светот, бразилскиот топ модел Адријана Лима, го роди своето трето дете во август 2022 година. Имено, таа стана мајка на момче, по двете прекрасни девојчиња кои ги има од бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ.

Лима беше на снимањето на познатото шоу „Добро утро Америка“ во Њујорк заедно со својот свршеник, францускиот филмски продуцент Андре Лемер и нивниот син на кого му го дадоа името Цијан. Лима во својата приказна на Инстаграм објави фотографии од преслаткиот син и ја воодушеви јавноста.

 


Родителите гордо го покажаа синот, а еден детаљ ги привлече сите погледи. Имено, ова мало момче има прекрасни сино-зелени очи исто како неговата мајка, која со нив го маѓепса цел свет.
Кога го роди ова прекрасно момче, Лима објасни поради што се одлучиле за ова необично име.

„Цијан е бојата помеѓу зелената и сината на видливиот спектар на светлината. Цијан е бојата на водата на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Добредојде во нашиот свет Цијан Лима Лемер“, напиша таа во описот на фотографијата на која се гледа прекрасното око на бебето Цијан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Слични објави

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо
Се вчитува....