05:01 - 7 април, 2026

(Фото) Адел ја слави љубовта со Рич Пол, најави почеток на заеднички живот во новото љубовно гнездо кое вреска од луксуз

Адел и Рич Пол се подготвени да живеат заедно и тоа го покажаа со неколку преслатки фотографии, први објавени од поп-ѕвездата на Инстаграм.

Изгледа дека Адел буквално се прероди откако се разведе од сопругот Сајмон Конецки и не само затоа што драстично ослабе, изгледајќи радикално трансформирана (на поубаво) од пред неколку години. Туку, таа си ја најде и среќата покрај новото момче Рич Пол и, иако ја држи романсата подалеку од центарот на вниманието, открива дека во негово друштво се чувствува спокојно и многу вљубено.

Доказ беа фотографиите кои неодамна ги сподели на социјалните мрежи: двајцата се овековечија пред куќата во која ќе живеат заедно со координирани модни изгледи, маѓепсувајќи ги обожавателите со својата слатка вљубеност.

Во последно време, таблоидите шпекулираа дека двајцата се соочуваат со длабока криза, но – овие фотографии се и повеќе од доволни за демант.

На една од фотографиите се гледа во позадината и нивното ново љубовно гнездо – огромната вила во која почнале да живеат заедно.

Двајцата позираа во сиво, Адел во макси тренч палто, Рич во фармерки и кошула, изгледајќи преслатко и заљубено.

Инаку Рич Пол, со кого е пејачката во врска од септември минатата година, е познат и ценет спортски агент кој според етаблираните американски весници „денеска буквално го трансформираше американскиот спортски бизнис“.

фото- инстаграм
фото- инстаграм
фото- инстаграм
фото- инстаграм

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....