19:46 - 2 април, 2026

ЕВЕ ШТО ПРАВИ ВИЛ СМИТ во Индија – астролог објави ВИДЕО од мантрите; фановите се мајтапат: „Бараш работа во Боливуд, откако те откачија од Холивуд“

Откако „Тајмс оф Индија“ објави слики од Вил Смит како вчера пристигнува на аеродромот во Мумбаи, насмеан, по скандалозната случка со шамарот на Оскарите но и по разгорените гласини дека е на чекор од развод од сопругата, социјалните мрежи почнаа да „горат“ од различни коментари.

Според она што го читаме од индиските медиуми, Смит одлетал во Индија на духовно патување: „Тој е во градот да го посети храмот ISKCON во Каргар каде секојдневно се одржуваат медитации за мантри, пуја и аарати (хинду практики). Не е првпат холивудската ѕвезда да отпатува во Индија за да учествува во хинду ритуали: во 2018 година тој беше снимен додека ја спроведуваше Пуја, основна хинду практика“.

Надвор од страдањата и тагата за бракот што завршува, неопходно е да се разбере како ќе се подели имотот на парот, а медиумите веќе шпекулираат со сумите: приближно 350 милиони долари во имот.

Двајцата актери изгледаа поврзани со многу длабока љубов, непоколеблива дури и пред изневерувањата. Всушност, во 2020 година, Џејда Пинкет на телевизија откри дека го изневерувала својот сопруг со раперот Август Алсина. Вил Смит изјавил пак, дека ги надминал роговите со тоа што ги надминал „предрасудите и пречките на општеството и на христијанскиот морал“, додавајќи дека тој за возврат излегувал со други жени.

Што ќе му донесе духовното патување во Индија останува да видиме.

Но на социјалните мрежи, мајтапите се во ек. Една од најсподелуваните шеги е и онаа дека актерот дошол да си бара работа во Боливуд, откако го откачиле од Хоивуд.

 

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....