01:43 - 6 април, 2026

Еспресо предлага имиња за трите (женски) лавчиња во скопската ЗОО: Симпка, Нела и Смела

Симпка, Нела и Смела се трите предлози на Еспресо кој заедно со скопјани се одѕва на повикот на Зоолошката градина да се изберат имиња на трите новороденчиња женски лавчиња кои од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу.

Зошто ги одбравме овие имиња? Секако, инспирирајќи се од јунаците на омилениот цртан филм за деца (ама и за возрасни!) „Кралот лав“ – Симпка како женска варијанта на бестрашливото лавче Симба, Нела – варијација на името на неговата верна пријателка од детството и гоолема љубов – Нала, и Смела (име што се римува со Нела, но истовремено што е синоним за сè она што го носи Симба во својот карактер и своето големо срце).

Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката градина, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина.

Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје.

Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови. „Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните“, се вели во соопштението.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....