5.8 C
Скопје
23:56 - 20 февруари, 2026

Емина Јаховиќ конечно ја откри вистината зошто го напуштила Мустафа: „Му благодарам на Бог што се разведов“

Познатата пејачка Емина Јаховиќ молчеше со години, а сега конечно проговори. Пејачката ја отвори душата и за првпат јавно ја раскажа вистината за разводот од поранешниот сопруг Мустафа Сандал. Без да разубавува, таа призна дека никогаш не се покајала што ја завршила таа приказна.

Емина гостувала во емисијата „Сцена специјал“, каде искрено зборувала за својот нов албум, животот во Турција, мајчинството, но и за една од најтешките, но клучни одлуки во нејзиниот живот, разводот од турскиот пејач Мустафа Сандал, со кого има две деца.

По седум години молчење, Емина јавно за првпат откри што всушност довело до крајот на нивниот брак.

– Никогаш не сум се покајала што се разведов и му благодарам на Бог што беше така. Им советувам на жените добро да размислат, особено кога станува збор за деца, бидејќи можеби ќе сакаат да се разведат од некои глупави причини – рекла Емина.

На прашањето дали причините за нејзиниот развод биле „глупави“, пејачката искрено одговорила:

– Мојот развод не беше глупав, но не беше ниту од некоја ненормална причина. Никој не изневери никого или слично, работите едноставно згаснаа. Имав 35 години, дека на 35 години се согласуваш да живееш во брак којашто ја нема таа страст и таа сила… Не станува збор само за страст. Најмалку зборувам за физичката страст, дека двајцата се трудат на ист начин, дека двајцата се компатибилни во сè. Кај нас тоа некако се наруши. Дури и пред да се разведам, тоа започна три години пред тоа – открила пејачката во емисијата „Сцена специјал“.

Емина,, исто така, се осврнала и за својот став кон мажите откако останала сама со своите деца, нагласувајќи колку е тешко да се биде маж во денешниот свет.

– Научив по разводот, кога останав сама со две деца, многу повеќе да ги почитувам мажите. Тие се снабдувачи, од нив секогаш се очекува да имаат. Да речеме, жена, ако е убава, се мажи и стекнува сè одеднаш. Жената се мажи и од мажот се очекува да се грижи за неа и да, тој е снабдувач, таа е дома, се грижи за децата, мажот е тој што мора да обезбеди сè… Не е лесно да се биде маж – рекла Емина.

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....