4.8 C
Скопје
22:13 - 11 март, 2026

Ема Радукану, „тинејџерското чудо“, на Вимблдон носи накит вреден 35.000 евра

Тенисерката Ема Радукану го одигра првиот меч на Вимблдон носејќи накит од „Тифани“, вреден 35.000 евра. Младата Ема е амбасадорка на овој бренд од септември минатата година.

Таа носеше неверојатен пар бисерни обетки обложени со дијаманти, за кои се верува дека вредат 8.700 евра од колекцијата „Тифани Викторија“.

Ланчето што го носеше е од истата колекција и чини 4.500 евра.

На раката имаше класична алка „Тифани“ од бело злато обложена со тркалезни дијаманти, чија цена е 22.000 евра.

Таа минатата година стана амбасадорка на „Тифани“, откако на УС Опен ја победи Канаѓанката Лејла Фернандез.

Со само 18 години стана првата Британка што освоила Грен слем откако Вирџинија Вејд го ​​освои Вимблдон во 1977 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis Web Mag (@tenniswebmag)

Ема си отиде дома со парична награда од 2,5 милиони долари по сензационалниот турнир во Њујорк каде што не изгуби ниту еден сет.

Професионалните спортисти обично треба да се откажат од класичното детство и стандардното образование. Ема не е една од нив бидејќи пред УС Опен ги положила испитите по економија и математика со највисока оценка. Покрај тоа, таа има прекрасни пријатели кои ја поддржуваат. Важна улога во нејзиното воспитување имаат и мајка и и татко и – мајка и е од Кина, татко и од Романија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emmaraducanu

„Доста е тешко да се задоволат моите родители, тие имаат големи очекувања. Тоа е голем движечки фактор за мене и за мојот настап. Тие не се луѓе за големи прослави. Наместо тоа, нивната улога е да ме држат на земја. Мислам дека завршија одлична работа. Затоа што не се чувствувам како да има нешто поинакво во мојот живот. Веднаш се враќам на работа. Мислам дека тоа е резултат на тоа што секогаш беа супер фокусирани и не се залетуваа премногу, но во исто време не ме обесхрабруваа кога губев“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emmaraducanu

Наставниците во училиштето велат дека било јасно дека Ема ќе стане професионална спортистка уште кога била мала. Пред да го земе рекетот во рака, таа се истакнала во балет, картинг, пливање и јавање. Нејзините тренери велат дека таа е едноставно дете кое може се, но и дека секогаш дава се од себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emmaraducanu

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....