0.8 C
Скопје
05:11 - 15 март, 2026

Ела Дворник се расплака на среде кафуле: „Знаеше дека таму нема да направам сцена “

Ела Дворник доби посебен подарок, од посебна личност за неа која сè уште не ја претставила на јавноста, но го нарекува Мештар и нејзините следбеници на Инстаграм веруваат дека станува збор за ново момче. Каков подарок добила и зошто плачела, напиша Ела во објава во која сподели неколку фотографии со подарокот.

„Вчера, Мештар ме покани на кафе, ми подаде кеса и рече: „Среќен роденден“. (Мојот роденден е во декември). Кога ја отворив кутијата и видов дека пишуваше Монт … рацете ми почнаа да се тресат и плачев силно, но морав да се воздржам бидејќи имаше луѓе околу нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Мештар вели дека го направил тоа намерно бидејќи знаел дека нема да правам сцена во јавност, а јас се расплакав во хартиена салфетка. Не мислам дека некогаш сум била толку среќна за подарок. Мора да си мислите „о боже, овие луди жени плачат за пенкало. Ова е посебно пенкало, ем е токму она што го сакав, ем 1304. Од 7000 произведени парчиња … и секако е од Мештар, а тоа е и моето прво ролер топче Мон Блан, го нареков „мештровиќ“. Ако ме видите јавно како пишувам со него, ве молам дојдете кај мене и кажете ми: „Воа, какво величествено пенкало“ за да се чувствувам посебно“, напиша Ела, а коментираше и нејзината мајка Данијела, која еднаш го добила истиот подарок од нејзиниот сопруг Дино.

„Тоа е прекрасно пенкало, и јас го имам, но кога го добив и кога Дино ми кажа колку чини, сакав да го убијам со истото пенкало. Мислев дека има дијаманти во кожната кутија … па моето разочарување немаше граници. Еве, сè уште го имам. Ми рече дека сум селанка, дека претседателите потпишуваат со тоа пенкало“, напиша нејзината мајка, а обожавателите ѝ кажаа на Ела дека забележале дека Мештар ја прави многу среќна и дека во последно време посебно зрачи.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....