Роб Кардашијан е единствениот брат во кланот Кардашијан-Џенер. Има 33 години и како што веќе знаеме е брат на Клои, Ким, Кортни, Кендал и Кајли. Тој е син на Крис Џенер и Роберт Кардашијан кој почина во 2003 година откако му беше дијагностициран рак на тестисите.
Освен што учествува во семејното шоу „Keeping Up With The Kardashians” во 2011 година учествуваше и во тринаесетата сезона од „Танц со ѕвездите“, како и Ким Кардашијан неколку сезони претходно. Дури и со својата девојка Блак Чуна имаа сопствено ТВ шоу „Rob & Chyna” кое неславно пропадна.
Нивната врска беше премногу турбулентна и токсична, а тие двајца се судат до денес. Заедно ја добија ќеркичката Дрим за чие старателство непрекинато се натпреваруваат. Тој уште тогаш се бореше со дијабетес и проблеми со килограмите, а по раскинувањето со Чуна ескалираше се. Тој падна во депресија и не излегол од дома 800 дена.
– Неговото семејство го сака, а неговата мајка менаџер ќе направи се со цел деловно и приватно да го спаси, но никој веќе не знае што да прави со него. Немаат надеж дека неговата состојба ќе се подобри – откри лани извор близок на Роб. Тој пред Чуна беше со актерката Адриен Баилон, а може да се пофали и со врската со Рита Ора. Пред неколку години нагло се здебели, па стана речиси непрепознатлив.
https://www.instagram.com/p/B–vNjIHnqh/?utm_source=ig_embed
Вака изгледаше Роб кога се појави во јавноста