12:31 - 3 април, 2026

Дрејк номиниран за седум гонга: Раперот ја предводи листата на БЕТ-наградите

Дрејк ја предводи листата на номинирани за „БЕТ-авордс“. 36-годишниот рапер е номиниран за седум гонга на претстојната церемонија на доделување награди, вклучително и за најдобар машки хипхоп-изведувач и најдобар машки аренби/поп-изведувач.

Пејачот од врвот на топ-листите, кој издаде заеднички албум со 21 Севиџ во ноември, Her Loss, исто така е номиниран во категориите: најдобра група, најдобра соработка, албум на годината и избор на гледачите.

23-годишната раперка, чие вистинско име е Глорија Вудс, е меѓу кандидатите за албум на годината, најдобра соработка, најдобар женски хипхоп-изведувач, видео на годината и најдобар нов изведувач.

Сепак, ГлоРила ќе се соочи со остра конкуренција за наградата за најдобар женски хипхоп-изведувач од Карди Би, Кои Лереј, Ијс Спајс, Меган ди Сталион и Ники Минаж.

Наградите БЕТ („Блек ентертејнмент телевижн“) им оддаваат чест на Афроамериканците и на членовите на другите заедници. Победниците ги избираат членовите на БЕТ-академијата, која ја сочинуваат професионалци, новинари и фанови.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....