10:31 - 7 април, 2026

„Драги мои жени, ние не сме нашите гради, задникот, косата, кожата, ние сме енергија, вибрации, љубов…“: Наташа Беквалац сподели искрена порака откако ги отстрани силиконите

Српската пејачка Наташа Беквалац, позната по својот беспрекорен изглед и отвореноста кон естетските процедури, ја шокираше јавноста кога неодамна се појави на концерт без силикони. Одлучила да направи радикален пресврт во својот физички и духовен идентитет. Многумина ја забележаа промената, но никој не очекуваше толку искрена и силна порака што подоцна ја објави на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– И вака, веќе 25 години, ги поминувам сите фази од мојот живот со вас, секој пад, секој успех, падови и бродоломи, и повторно станување. Зад мене е период кој не беше лесен и одлучив да го поминам сама и во тишина. Ви благодарам за вашите прекрасни пораки и за грижата, секогаш се чувствував безбедно и сигурно со вас. Сега сум супер, се чувствувам добро, силно, стабилно. Драги мои жени, ние не сме нашите гради, задникот, косата, кожата, ние сме енергија, вибрации, љубов и сè што нè доведе до тоа да бидеме жени какви што сме денес. Ослободете се од сè што веќе не е ваше, отфрлете сè што ве стега и повредува. Јас го направив тоа. Се подготвувам за нова фаза од мојот живот и едвај чекам да чуете за тоа. Растеме заедно. Со љубов и почит. Вашата Наташа – рече Беквалчева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Наташа Беквалац, позната и како „новосадската барбика“, стана симбол на ранливост, борба, преживување и еволуција на жените во современиот свет. Сега, кога одлучи да се ослободи од силиконите, таа испраќа јасна порака: силата на жената не е во обемот на нејзините гради, туку во ширината на нејзиното срце.

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....