03:06 - 7 април, 2026

„Дознавме дека се убиени…“: Познатиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ изгуби 4 члена од семејството во масакрот во Цетиње

Победникот на шестата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Мартиновиќ, изгуби 4 члена на семејството во масакрот во Цетиње.

Имено, пејачот зборуваше за „Телеграф.рс“ и за жал, тој ја потврди страшната вест, и откри дека во страшниот масакр што се случи на 1 јануари во Цетиње, во кој загинаа 12 невини луѓе, го загубил вујкото и тетката и уште двајца членови од фамилијата.

„Ние бевме во роднинска врска со убиените близнаци и ги уби вујко ми и тетка ми“, изјавил за „Телеграф.рс“.

„Бев дома, решив првпат да не славам туку да бидам со брат ми и семејството и синоќа требаше да излеземе во град. Сепак, добивме страшни вести и веднаш повикавме блиски роднини и пријатели да дознаеме нешто, знаете во таа ситуација сите се изгубени. Тогаш дознавме дека се убиени нашиот вујко и тетка, и братучедите“, додал Дарко.

Тој упати молба сите да бидат солидарни во оваа најголема трагедија велејќи дека „ништо не е важно, освен страшната загуба на сите тие 12 животи“.

Дарко откри и дали го познава убиецот.

„Го познавам по видување, како фин дечко. Не го познавав лично, па верувам дека луѓето кои беа блиски до него знаеја дека веројатно има некој проблем, но не е зависи од мене да зборувам“.

Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ уби 12 лица на пет локации во Цетиње, а директорот на Полициската управа Лазар Шќепановиќ откри дека жртвите всушност биле членови на семејството на убиецот, но и негови пријатели и кумови.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....