ОВЕН
РАБОТА: Уметниците денеска нека одморат, на трговците добро ќе им оди, ќе заработат поголема сума на пари.
ЉУБОВ: Ќе и покажете на другата страна дека и вие сте ранлива и емотивна личност, иако досега сакавте да ја убедите токму во спротивното.
ЗДРАВЈЕ: Пресилни емоции, внимавајте на стресот.
БИК
РАБОТА: Атмосферата на работа ќе биде напната. Не се форсирајте, почекајте го понеделник.
ЉУБОВ: Потрудете се да не се вплеткате во своите љубовни илузии. Стојте цврсто на земја.
ЗДРАВЈЕ: Спијте доволно, исцрпени сте.
БЛИЗНАЦИ
РАБОТА: Имате многу идеи кои може да ви донесат профит, но морате да ги усогласите со кодексот на работното место.
ЉУБОВ: Некои ќе доживеат средба со личност од нивното љубовно минато. Други ќе фантазираат за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Не консумирајте алкохол.
РАК
РАБОТА: Оние кои се на одмор добро ќе се одморат, другите едвај ќе ги завршат денешните обврски.
ЉУБОВ: Ќе зрачите и ќе бидете впечатливи. Лесно ќе се вовлечете под кожата на личноста која ви се допаѓа.
ЗДРАВЈЕ: Проверете ги забите.
ЛАВ
РАБОТА: Бидете тактични на работното место и соработувајте со колегите, ве очекува голем успех.
ЉУБОВ: Ќе имате душевно олеснување, дури и покрај тоа што сте свесни дека личноста што ви се допаѓа ги држи конците во свои раце.
ЗДРАВЈЕ: Пазете се од алергии.
ДЕВИЦА
РАБОТА: Сакате да бидете на пиедестал и да слушнете аплауз. Некои тоа и ќе го доживеат.
ЉУБОВ: Некој од вашите пријатели ќе ве растажи, но тука е вашата сакана личност да ви биде поддршка.
ЗДРАВЈЕ: Бидете трпеливи, не избрзувајте со реакциите кои ви носат стрес.
ВАГА
РАБОТА: Ќе добиете идеја која ќе и донесе сериозен профит на вашата фирма. Внимавајте со кого ја споделувате.
ЉУБОВ: Денеска е подобро од вчера. Исто се чувствува и вашиот партнер.
ЗДРАВЈЕ: Добро расположение.
СКОРПИЈА
РАБОТА: Некои нешта ќе ви одат полесно од вообичаено, но не се опуштајте премногу, не смеете да доцните со проектите.
ЉУБОВ: Денеска ќе се помирите со тоа дека на некои нешта, едноставно им дошол крајот. Без грижа, наскоро следи нешто ново.
ЗДРАВЈЕ: Заслабнат имунитет.
СТРЕЛЕЦ
РАБОТА: Многу нешта не ви одат од рака, па најдобро е да почекате викендот да помине.
ЉУБОВ: Ќе се најдете во центарот на добра забава, а една личност го следи секој ваш чекор, ќе доживеете голема љубов.
ЗДРАВЈЕ: Одмарајте се повеќе.
ЈАРЕЦ
РАБОТА: Малку работа, малку забава и нема да забележите дека денот поминал.
ЉУБОВ: Ќе бидете со луѓе кои ве веселат, па нема да имате време да мислите на пропаднатата љубов.
ЗДРАВЈЕ: Започнете да вежбате.
ВОДОЛИЈА
РАБОТА: Одличен ден за уметниците и креативците, ќе создадат дело кое ќе им донесе голема заработка.
ЉУБОВ: Одредени проблеми нема да ви дозволат да имате време за партнерот. Не бидете тажни.
ЗДРАВЈЕ: Мал пад на имунитетот.
РИБИ
РАБОТА: Помина напнатиот период, добро работите, но внимавајте на финансиите, премногу трошите.
ЉУБОВ: Ќе сфатите дека е време малку подлабоко да ги разгледате нештата и да се зближите со личноста која одамна ви се допаѓа.
ЗДРАВЈЕ: Фрустрациите ве исцрпуваат.