7.8 C
Скопје
09:05 - 31 март, 2026

„Девојчињата во нејзиното одделение…“: Карлеуша откри непознати детали од животот на постарата ќерка, шокирајќи ги сите со признанието

Ќерките на српската пејачка Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, Атина и Ника, неодамна ги прославија своите 17-ти и 16-ти родендени на ист ден. Атина и Ника израснале во вистински убавици.

За разлика од постарата Атина, која е поплечена, Ника стана ѕвезда на социјалната мрежа ТикТок, каде што собра илјадници следбеници.

Иако Атина не се експонира во јавноста, Јелена во една емисија открила детали од приватниот живот на нејзината постара ќерка коишто јавноста не ги знаеше.

Имено, пејачката се осврнала на темата за естетската хирургија, која тинејџерките на возраст на Атина почнаа масовно да ја применуваат заради разубавување.

„Пријателките во одделението на Атина веќе ги средија устите, носевите, носеа мрежести чорапи, посетуваат естетски хирурзи“, рекла Јелена Карлеуша и ја шокирала јавноста со своето признание со оглед на тоа што се малолетни девојки. Пејачката додала и дека Атина никогаш не побарала и таа да го направи тоа.

„Атина никогаш не побарала ништо од тоа, ниту јас би ѝ дозволила“, заклучила Јелена, а девојчињата ја почитуваат одлуката и строгото правило на нивната мајка, барем засега. И нивниот татко Душко Тошиќ исто така ја поддржал одлуката на својата поранешна сопруга.

 

 

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....