20:34 - 2 април, 2026

Десингерица јадеше заштитени школки во Хрватска: Со закон не смеат да се ловат, може да добие казна затвор

Контроверзниот српски рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, на социјалните мрежи се пофали дека моментално ужива во Истра. Тој објави неколку фотографии како инстаграм-приказна од ресторанот во кој јадел морски деликатес кој со закон е заштитен во Хрватска, пишува „24сата.хр“.

Имено, на фотографиите може да се види маса и чинии полни со морски плодови. На една од нив има школки кои со закон е забрането да се ловат во Хрватска поради уништувањето на карпестиот брег на Јадранот.

Инаку, со новиот Закон за морското рибарство кој стапи во сила од февруари годинава, меѓу другото, се забранува риболов на овој вид школки (Lithophaga lithophaga) и нивен извоз и трговија, со што конечно целосно се заштитува карпестиот брег на Јадранот, кој систематски се уништува од ловењето на оваа вкусна школка со години, пишува „ХРТ“.

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....