21:15 - 12 април, 2026

Десингерица доживеа сообраќајна несреќа, уапсена жена од Швајцарија: „Одеднаш излета и ме удри, пекол“

Контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ-Десингерица рано утрово доживеал голема непријатност на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ каде доживеал сообраќајна несреќа. Сè се случило во раните утрински часови, кога Деспиќ, најверојатно, со авион пристигнал во Белград, а потоа влегол во својот луксузен автомобил и се упатил кон својот дом. Набрзо дошло до несреќа кога во неговиот, удрил друг автомобил управуван од жена.

По тој повод се огласи и Десингерица кој откри дека непозната жена ја предизвикала несреќата, а бидејќи била странска државјанка била приведена во полициска станица.

„Возев по улица, некое пиле од Швајцарија излета и ми ја удри вратата. Чекав полиција, набрзо дојдоа, направија истрага па ја уапсија и ја однесоа во притвор, по ѓаволите“, објасни Десингерица, пишува „Мондо“.

Да потсетиме, неодамна се пишуваше и зборуваше за наводните турбуленции во врската со сопругата Невена. Сепак, тој откри дека шпекулациите за нивниот развод се невистинити и дека се уште се во брак.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....