10:13 - 9 април, 2026

Дензел Вашингтон за испадот на Вил Смит: „Ѓаволот го опседна таа вечер!, во молитвата е спасот!“

Вил Смит официјално поднесе оставка од Академијата во изминатите неколку часа, а речиси една недела по шамарот на Крис Рок на сцената на Оскарите 2022 , Дензел Вашингтон ја коментира случката.

Вашингтон се појави со контраверзниот свештеник и писател Т.Д. Џејкс на Лидерски Самит на кој се дискутирало за неговата кариера и вера, па во оваа прилика го искажал мислењето за тоа што се случи на Оскарите:

„Има една изрека: Кога ѓаволот те игнорира, тогаш знаеш дека правиш нешто погрешно“, рече Вашингтон. „Ако не ти доаѓа, значи дека си му омилен. Спротивно на тоа, кога ќе се појави ѓаволот, можеби е затоа што тој се обидува да те натера да направиш нешто погрешно. И поради некоја причина, ѓаволот го фати таа ноќ (Вил Смит)“.

Дензел Вашингтон одби да открие што си кажале тој, Смит и Тајлер Пери, но откри дека тројцата се молеле заедно:

„За среќа имаше многу луѓе таму, не само јас туку и други, како Тајлер Пери на пример, сите веднаш отидоа кај него“ продолжи Вашингтон, мислејќи на Вил Смит.

„Кажавме неколку молитви. Не сакам да кажам за што разговаравме. Но, кој сме ние да судиме? Не ги знам сите детали за оваа ситуација, но знам дека единственото решение во ова време беше молитвата, како што гледам. И начинот на кој јас гледам на нештата генерално“.

Слични објави

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.
Се вчитува....