04:14 - 25 февруари, 2026

Дара Бубамара добила подарок вреден 30.000 евра од 20 години помлад дечко: Не може да ѝ одолее на пејачката

Српската пејачка Дара Бубамара добила часовник „Ролекс“ вреден 30.000 евра, а со луксузниот часовник се пофали преку Инстаграм, но само на неколку нејзини блиски пријатели.

Како што дознава „Информер“ од извор близок на пејачката, Дара го добила овој многу скап подарок од момче кое долго време се обидува да ја заведе, а е речиси 20 години помладо од неа.

-Дара веќе некое време ја брка тоа момче. Сите во градот го знаат, згоден е и убав, вистински алфа мажјак! Тој е од Војводина има и свој успешен бизнис. Нему тој „ролекс“ од околу триесет илјади евра не му значи многу, има пари колку сакаш, но знае дека Дара носи скапа облека, секогаш вози луди коли и сака добри часовници, па го отворил својот паричник. Чудно ми е што воопшто го објави затоа што во последно време не сака толку да се зборува за нејзиниот приватен живот и го крие како змиски нозе – вели за „Информер“ блиска пријателка на Дара и додава:

– Малиот „одлепи“! Тој ѝ праќал цвеќе по концертите, секој пат по 101 роза. Ѝ се допадна, вели дека е нејзин тип, брз, урбан, тетовиран и напален. Сите од околината на Дара навиваат тие двајца да бидат заедно, а дали Дара ќе попушти останува да видиме – заклучи пријателката.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....