26.8 C
Скопје
15:20 - 6 октомври, 2026

Да се потсетиме на Калиопи во „Среќна Нова ’49“: „Пиши ми“ како дел од незаборавната филмска атмосфера

Денес Калиопи е едно од најпрепознатливите имиња на македонската музичка сцена, но малкумина можеби ќе ја препознаат во една сцена од култниот македонски филм „Среќна Нова ’49“ на режисерот Столе Попов.

Филмот, снимен во 1986 година, е едно од најзначајните остварувања на македонската кинематографија, а покрај приказната и актерските изведби, важен дел од неговиот препознатлив амбиент е и музиката на Љупчо Константинов.

Токму во една од сцените се појавува Калиопи, која ја интерпретира песната „Пиши ми“. Нејзината појава е забележана и во истражувањето на Александар Трајковски за музиката во македонскиот игран филм, каде што сцената со Калиопи е издвоена како особено впечатлива музичка сцена во филмот.

Но, оваа сцена воопшто не била случајно вметната во филмот. Столе Попов во интервју од 2016 година, цитирано во истражувањето на Трајковски, објаснува дека музиката во неговите филмови однапред била внимателно избрана и вклопена во сцените. За „Среќна Нова ’49“ тој вели дека уште при создавањето на филмот знаел како ќе изгледа сцената со Калиопи.

Токму затоа, појавата на младата пејачка не е само интересен детаљ од филмот, туку дел од однапред осмислениот музички концепт на Попов.

Во истражувањето на Александар Трајковски има податок дека „Пиши ми“ не е оригинална песна компонирана за филмот. Станува збор за популарната композиција на Џовани Рајмондо, чија оригинална верзија „Écris-moi“ во 1938 година ја снимил францускиот тенор Тино Роси. Александар Трајковски ја наведува песната меѓу музичкиот материјал употребен во „Среќна Нова ’49.

Калиопи ја пее песната во филмот, внесувајќи го својот глас во приказната што Столе Попов ја сместува во турбулентниот период по Втората светска војна.

За Калиопи, ова е период од нејзината кариера многу поинаков од она по што подоцна ќе стане позната. Пред големите хитови, концерти и меѓународни настапи, таа се појавува како млада пејачка во филм кој со текот на годините ќе добие култен статус.

„Среќна Нова ’49“ е снимен во 1986 година, а неговата скопска премиера се одржала на 6 октомври истата година. Филмот претходно триумфирал на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула, каде што освоил Гран при и повеќе „Златни арени“. Во 1987 година бил избран и како југословенски кандидат за „оскар“.

Денес, покрај познатите актерски имиња и силната приказна, во филмот останува забележана и оваа кратка, но интересна појава на Калиопи – во период многу пред нејзината долга солистичка кариера да ја направи една од најпрепознатливите македонски пејачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Слични објави

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.

Синот на покојниот српски пејач Луис откри дека води битка за своето здравје: Сакав да споделам за да ме препознаете без коса и брада

Еспресо
Се вчитува....