7.8 C
Скопје
23:46 - 30 март, 2026

Цеца откри како ја одржува линијата: После 20 часот пијам само вода, а понекогаш и пиво

Бидејќи, како што вели е дисциплинирана и секогаш сака да изгледа најдобро, Цеца знае кога да се откаже од некои работи, па еднаш откри како успева да го одржи добриот изглед и да ја постигне посакуваната тежина без ригорозни диети и лекови за слабеење.

– Ја доведов линијата до совршенство, но без никакви ригорозни диети, без работи што се инјектираат, лекови, чуда, тоа сега е многу популарно и многу опасно, нездраво и директно влијае на тироидната жлезда и панкреасот. Не треба да се игра со тоа. Бидејќи тој лек всушност го користат дијабетичари – изјави Цеца за Телеграф, осврнувајќи се на Оземпик, за кој се на удар светски ѕвезди како Кристина Агилера, Кели Озборн, Меган Трејнор и други…

Пејачката потоа откри како успеала да ги изгуби вишокот килограми.

– Едноставно, решив да не јадам ништо после седум часот навечер и да пијам само вода. И во една прилика кажав, понекогаш пиво. И потоа ме прашаа како пијам пиво кога тоа дебелее. Јас реков, мене не ме дебелее, пивото мене ме сака. Ми појде од рака и ослабев 8,5 килограми за еден месец, без да гладувам ниту секунда, јадев што сакам. Најдоцна, тоа значи после 19:30, 20 навечер, нема веќе внесување храна. Тоа е како автофагија. И потоа наутро станувам во 8, осим и пол, појадувам, го активирам метаболизмот и тоа е тоа. И физичка активност – рече Цеца.

– Тренирам или ако не стигнам на тренинг, практикувам брзо одење на лента за да го активирам моето тело и метаболизмот. Ако лежите нон-стоп, вашиот метаболизам не може да се забрза – рече фолк дивата.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....