17:14 - 7 април, 2026

Цеца го бакнуваше во спотот, а тој се ожени со друга! Неверојатната приказна зад „Кукавица“ излезе на виделина по три децении

Еден од најголемите хитови на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Кукавица“, крие приказна која ни најдобрите сценаристи не би ја смислиле.

Повеќе од три децении подоцна, вистината за судбината на главните ликови од легендарното видео повторно ги запали социјалните мрежи. Имено, главниот актер од спотот, Горан Андрејиќ го доби прекарот Горан Кукавица, но она што следеше по снимањето на песната ги шокираше и најверните обожаватели на Цеца.

Девојката што ја изневеруваше со пејачката во спотот беше манекенката Татјана – а една година подоцна, таа му стана сопруга.

Според очевидци, Горан и Татјана се запознале на снимањето на спотот, а меѓу нив веднаш се појавиле искри. Нивната романса толку брзо напредувала што на 7 мај 1994 година се венчале, и тоа на свадбата им пеела Цеца.

Цеца како специјална гостинка на свадбата на младенците им ја отпеала песната „Кукавица“ која ги споила. Моментот е забележан и на фотографии кои деновиве повторно се појавија на социјалните мрежи.

На мрежата „Икс“ се прошири објава со фотографија од свадбата.

– На 7 мај 94 година. Се ожени љубовникот на Цеца од „Кукавица“ (со „сопругата“ од „Кукавица“ – манекенката Татјана), а Цеца им пееше на свадбат – стои во описот на сликата од свадбата на Горан и неговата сопруга, а пејачката се фотографирала и со младиот пар.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо
Се вчитува....