03:46 - 3 април, 2026

Брзата помош едвај го спасила српскиот пејач Бојан: Се обидел да се отруе со дрога и алкохол

Срспскиот пејач Бојан Томовиќ (41) пред неколку дена итно бил хоспитализиран, кога пиел лекови кои потоа ги помешал со алкохол.

Имено, Бојан се отрул со лекови за биполарно растројство, алкохол и лекови против болки, иако пејачот тврди дека тоа не му била намерата, тој сепак мора да оди во болница.

– На 8 март пеев заедно со тамбураши во ресторан во Сомбор и толку се опијанив и покрај антиалкохолистичкиот блокатор што го имам, што брзата помош едвај ме врати во живот. Буквално се отрув со есперал, ракија и лекови за „биполарно“ и болки и потоа со адреналин ме вратија во живот. Сега морам повторно да одам на психијатрија, бидејќи поради мојата примарна дијагноза, биполарно растројство, ова се третира како обид за самоубиство, иако навистина не мислев така. Ме понесе атмосферата, испив уште малку и за малку „чао“ – изјави пејачот и додаде дека ваквиот развој на ситуацијата не го изненадил:

– Што да правам, не работам во аптека туку во кафеана, со месеци не пиев алокохол, па како што се вратив на свирки, се вратив и на алкохол, иако за нас биполарните е утврдено дека најмногу сме склони кон злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци – изјавил Бојан за „Република“.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....