7.8 C
Скопје
21:36 - 31 март, 2026

Блокирано е снабдувањето со руски гас за Финска; од недела и Литванија нема да увезува руска нафта, гас и струја

Блокирана е испораката на руски гас за Финска. Ова го објави финскиот оператор Гасум во прецизирањето дека, и покрај тоа, системот е во рамнотежа и физички и од комерцијална гледна точка.

Финската државна енергетска компанија Гасум објаснува дека блокадата е одлучена откако нордиската земја одби да му плати на Гаспром во рубли.

„Испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување со Гасум се запрени“, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека гасот сега ќе се снабдува од други извори преку гасоводот Балтиконектор кој ја поврзува Финска со Естонија.

Почнувајќи од недела пак, Литванија целосно ќе го намали увозот на руските енергетски резерви. „Не само што е исклучително важна пресвртница за Литванија на нејзиниот пат кон енергетска независност, туку е и израз на нашата солидарност со Украина. Треба да престанеме да ја финансираме руската воена машина“, вели Даиниус Крајвис, министерот за енергетика на Литванија.

Потребите за гас на Литванија ги покрива терминалот за ЛНГ со помош од САД, додека потребите за електрична енергија се задоволуваат со локално производство и увоз од земјите на ЕУ преку постоечките интерконекции со Шведска, Полска и Латвија.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....