7.8 C
Скопје
10:24 - 1 април, 2026

„Би се бакнувала Биковиќ“: Поранешната снаа на Ивица Дачиќ шокираше по раскинувањето

Српската пејачка Милица Јокиќ, која неодамна ја раскина врската со Лука Дачиќ, синот на политичарот Ивица Дачиќ, открила дали, доколку би добила главна улога во некој филм, би се согласила да се бакнува со српскиот актер Милош Биковиќ, кој е, впрочем, миленик на жените.

Милица Јокиќ признала дека нема да може да се соблече пред камерите, но дека би се бакнувала со познатиот актер.

– Би се бакнувала со Биковиќ во филм, но не би се соблекла гола – изјавила пејачката за Хајп ТВ.

По раскинувањето со Лука Дачиќ, Милица открила дека имала голем број додворувачи.

– Ми се додворуваат момчиња, ми се додворуваа и порано, а сега кога сум слободна, уште повеќе. Претпоставувам дека порано не смееле да ми пријдат и да ми пишуваат. Во денешно време мажите се поплашливи од жените, жените во секоја смисла го водат орото – изјавила таа, а потоа открила каков партнер посакува:

– Дефинитивно ми треба некој што ја разбира мојата работа и не е од оваа професија. Да е добар човек, да е искрен и да има разбирање. Сакам да се остварам во улогата на мајка некогаш, но секако, има време – за сè доаѓа моментот.

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....