22:55 - 8 април, 2026

БЕРЛУСКОНИ на сцена по 3 години: „Длабоко сум разочаран и натажен од Путин“, но „не можеме да се откажеме сега од испораките на руски гас“

„Не можам и не сакам да го сокријам фактот дека сум длабоко разочаран и тажен од однесувањето на Владимир Путин, кој презеде многу сериозна одговорност кон целиот свет. Го запознав пред 20 години, отсекогаш ми изгледаше како човек со голем здрав разум, човек кој се залага за  демократија, за мир. Штета за тоа што се случи“.

По 44 дена војна во Украина, за прв пат Силвио Берлускони, познат како близок пријател на Владимир Путин, прозборе против рускиот претседател и тоа го направи на Сината конвенција на Форца Италија, три години по неговото последно појавување на сцената.

Во својот долг говор Берлускони главно зборуваше за италијанските партии, а потоа говорот продолжи на актуелните настани, тековниот конфликт во Украина, „масакрите на цивили“ извршени во Буча и погрешните избори направени од Путин.

„Денес се соочуваме со невидена агресија против земја која се бори за својата слобода – рече тој – Мораме да направиме се што е можно за ова да заврши што е можно поскоро, да се стави крај на бруталноста на војната и Италија мора да работи кон оваа цел, за да се постигне компромис прифатлив за сите. Сепак, тоа значи дека слободата и интегритетот на Украина мора да бидат гарантирани. Се надеваме дека односите меѓу Русија, САД и Европа повторно ќе бидат на ниво на  дијалог. Но, сега е на Русија да направи чекор во вистинската насока со замолчување на пушките. Рускиот прекин на огнот е фундаментален и приоритетен“.

Но, војната, потсетува тој, наметнува и висока цена за самата Европа, поврзана со изборите што тој ги дефинира како „идеолошки“ (и погрешни) од минатото: „Цена што, за нас, произлегува пред сè од недостатокот на диверзификација на извори на енергија. Оштетени сме од идеолошките избори кои доведоа до откажување од нуклеарната енергија што пак,  доведе до намалување на производството, но и од националните истражувања што доведоа до блокада на постројките за регасификација. Поради оваа причина, не можеме да се откажеме, барем веднаш, од испораките на руски гас, дури и ако тоа мора да биде нашата цел во вистинско време“.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....