12:17 - 3 април, 2026

„Барби“ влегува во историјата со 1 милијарда долари на киноблагајните

Речиси три недели откога почна да се прикажува, блокбастерот на сценаристката и режисерка Грета Гервиг заработи неверојатни 1,03 милијарда долари на светските киноблагајни, според официјалните проценки на „Ворнер брос“. Гервиг стана прва жена режисер со филм вреден милијарда долари.

Како една половина од виралниот феномен „Барбенхајмер“ не е за изненадување што „Барби“ добро се покажа. И, стоејќи на свои нозе, неверојатниот успех на куклата воопшто не е неочекуван.

Во филмот, во кој Маргот Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен, легендарната кукла оди во авантура во реалниот свет.

„Јас сум во оваа игра 30 години и феноменот Барби и Барбенхајмер е еднакво без преседан колку што беше и непредвидлив“, рече Пол Дергарабедјан, медиумски аналитичар во „Комскор“.

Според Дергарабедјан, само 50 филма во историјата ја достигнале границата од милијарда долари.

Тој додаде дека маркетиншката кампања на филмот беше прво навестување дека „Барби“ ќе биде полн погодок.

„Маркетиншката кампања за „Барби“ иницира низа настани што доведоа до тоа зборот ‘Барбенхајмер’ да биде додаден во популарниот лексикон поради неговиот заеднички датум на издавање со ‘Опенхајмер‘ и тогаш сите знаевме дека ова нешто е посебно и единствено и дека ќе создаде многу поголем од очекуваниот исход за филмот не само за првиот викенд, туку и за неговото глобално прикажување во кината“.

Во интервјуто за „Колидер“ минатиот месец, Маргот Роби, која го продуцира филмот, покрај што го глуми насловниот лик, говореше за претчувството што го имала на состанокот со студијата кога филмот требало да добие зелено светло.

„Барби“ е дистрибуиран од „Ворнер брос“, во сопственост на матичната компанија на Си-ен-ен, „Ворнер брос дискавери“.

Продажбата на билети за „Барби“ е на второ место по „Супер Марио Брос“, кој излезе во април, а досега има заработено 1,357 милијарда долари.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....