02:27 - 26 февруари, 2026

Ава Карабатиќ мака мачи во Задар: Дами, смирете ги вашите сопрузи, постојано ме гледаат!

Ава Карабатиќ, која беше кандидатка на парламентарните избори во Хрватска и доби повеќе гласови од министерот за култура Нина Обљен Коржинек, се пожали во група на Фејсбук што во која членуваат жителките на Задар.

Имено, Ава вели дека едноставно е опколена од женети задарци кои постојано ја гледаат, пишува „Индекс“

„Зошто кога ќе поминам низ градот (сите маала во Задар) мажите гледаат во мене и се вртат (додека се со жени), а потоа морам да ги примам убиствените погледи на жените. Веќе малку се плашам дека некој ќе се нафрли врз мене. Дами од Задар, ве молам, смирете ги сопрузите, задоволете ги некако. Со оглед на тоа што повеќето сте од оние примитивните жени од 20 век без своја слобода, став, свои пари… Гответе им нешто, пеглајте, полирајте го подот, што и да е… Смирете ги малку.. Бидејќи веќе малку ми е досадно во градот, ќе почнам да ги возвраќам погледите… И нешто повеќе…“, се закани Ава.

Се чини дека жените не ги сфатиле сериозно нејзините предупредувања бидејќи објавата најмногу била проследена со смешни емотикони.

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....