03:40 - 7 април, 2026

Ана Николиќ за малку ќе се степала со Раста: Зедов полна чаша и го полив!

Пејачката Ана Николиќ е позната по својата отвореност, нејзината слобода секогаш да кажува и прави што и да мисли. Така, таа сега при гостувањето во емисијата „Цеца шоу“ откри непознати детали од првиот роденден и крштевката на нејзината ќерка Тара.

Тогаш ја изнервирал нејзиниот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, поради што Ана бурно реагирала и направила сцена.

На прославата покрај бројни познати личности присуствувала и Цеца, а Николиќ откри што се случило кога фолкерката го зела микрофонот:

– Првиот роденден и крштевката на Тара, колку убаво си поминавме тогаш. Сѐ беше одлично, свиреа Тропико и Андреана Чекиќ. После веќе сериозно бевме запиени кога Цеца го зеде микрофонот. Почна да ја пее „Личиш на мојот татко“ и што да правам, ми дојдоа солзи, крокодилски солзи – започна пејачката, па додаде:

– Раста веќе двапати дојде кај мене и ми рече: „Престани да плачеш, зошто сега плачеш?“, а третиот пат кога дојде и ми рече: „Престани да плачеш, роденден му е на детето!“, зедов полна чаша со вода и го полив. Цеца веднаш изреагира: „Престанете со музиката!“. За малку ќе завршеше со тепачка, но тогаш веќ беше готово меѓу нас, раскинавме“, низ смеа рекла Ана и додала дека не ѝ било јасно однесувањето на Раста.

– Човекот не може да разбере дека плачам затоа што татко ми не е тука, а јас славам прв роденден на моето дете, што е тоа несфатливо? – заклучи таа.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....